Русија не се чувствува загрозена од приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО, но ќе преземе воени контрамерки, вели рускиот претседател Владимир Путин.
„Со Шведска и Финска ги немаме проблемите кои ги имаме со Украина. Ако сакаат да се приклучат во НАТО, само напред! Но, тие мора да разберат дека претходно немало закана, додека сега, ако таму се распоредат воени контингенти и инфраструктура, ние ќе мораме да одговориме на ист начин и да ги создадеме истите закани за териториите од кои се создаваат закани кон нас“, рече Путин при посетата на Туркменистан.
Според Путин неизбежно е нарушување на односите на Москва со Хелсинки и Стокхолм поради нивното членство во НАТО.












