ТЕРА

REKLAMA???

МИНИСТЕРОТ САЛИ НЕ Е ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ, НО ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ

Министерот за здравство, Беким Сали вчера беше присутен на состанокот на Комисијата за заразни болести на кој беше утврдено дека има зголемување од 65.8%. на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела. Еден од заклучоците кој беше донесен е да има зачестени повиците граѓаните да бидат повнимателни.

Министерот потенцира дека позитивно е што државата има на располагање 480 000 вакцини.

-Во овој момент во државата на располагање имаме 480.000 вакцини со рок на траење до крајот на годината и затоа ги повикувам граѓаните да се обратат во вакционалните пунктови низ државата и да се вакцинираат односно да се здобијат со имунитет. Очекуваме дека со зголеменото движење на граѓаните ќе има забрзано ширење на вирусот, односно тоа што денес се 190 случаи на ковид заразени, можеби за една седмица ќе биде и 1.000 заразени и затоа е потребно секој да се заштити, порача министерот Сали.

А за тоа дали ќе се воведат повторно рестриктивни мерки, министерот вели дека најмногу е против воведувањето рестриктивни мерки, но ако не се одговори позитивно на апелите, а бројките продолжат да растат, ќе бидат приморани да преземат и рестриктивни мерки.

Денеска се регистрирани 163 нови случаи на Ковид 19.