ТЕРА

REKLAMA???

СЕРИЈА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ИРАН

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Иран во текот на ноќта.

Иранската државна телевизија јави дека најмалку пет лица загинале, а 44 се повредени во земјотресот со јачина од 6,3 степени, чиј епицентар бил на околу 1.000 километри јужно од Техеран во провинцијата Хормозган.

Земјотресот беше регистриран во 3:55 часот по локално време, а една минута пред тоа измаше исто така силен земјитрес со магнитуда од 5,7 степени. Првиот силен потрес со јачина од 6,1 степен беше регистриран во 2:02 часот.

Во текот на денот регистрирани се уште неколку земјотреси со јачина од околу 4,5 степени.

Земјотресот оштети згради и други објекти во селото Сајех Хош, каде живеат околу 300 луѓе.

Во 1990 година, земјата беше погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени во северниот дел на земјата во кој загинаа повеќе од 40.000 луѓе.

Во 2003 година, земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала во јужната провинција Керман остави повеќе од 31.000 мртви.

фото: EMSC