ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТИ И ПРЕД ВЛАДАТА И ПРЕД СОБРАНИЕТО

Дел од демонстрантите кои синоќа протестираат против францускиот предлог за тргање на бугарското вето на македонските евроинтеграции ја турнаа оградата пред зградата на Владата во Скопје. Тие фрлаа кон зградата на Владата со тоалетна хартија, шишиња и јајца, а дел од нив им подаруваа цвеќиња на полицајците кои го обезбедуваа протестот. Откако ја поминаа заштитната ограда застана пред кордонот полицајци.

Потоа се упатија кон Собранието. Демонстрантите и таму ја урнаа оградата и фрлаа со јајца кон собраниската зграда.

На протестите и пред Владата и Собранието беше и лидерот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев.

„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, му порача на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори вчерашниот протест против францускиот предлог.

Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие договори.