Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 4 дена направени се 2949 тестови, а регистрирани се 583 нови случаи на ковид 19 од кои 33 во Битола.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 130 реинфекции.
За последните 4 дена регистрирани се вкупно 352 оздравени пациенти, од кои 23 од Битола.
Од 01.07 до 04.07.2022 не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Од вкупно направените тестови преку ЦЈЗ Битола за време на викендот се направени 37 тестови, а ист број се направени и во вчерашниот ден. Во Плодност за последните 4 дена направени се 25 тестови.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Битола 15854, Активни 71
Прилеп 14285, Активни 38
Кичево 5673, Активни 9
Ресен 2761, Активни 2
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 837, Активни 1
Македонски Брод 744, Активни 1
Со нагло зголемен број на заразени и со два смртни случаи од коронавирусот заврши неделата што измина по подолгиот период на релативно мирната состојба во однос на пандемијата во земјава. Но, истовремено, сличен тренд е забележан и во повеќето други земји, а во некои од нив се зборува и за подготовки за таканаречениот есенски бран. Експертите ја објаснуваат новонастанатата ситуација исто како и лани и преклани, со претходно олабавени мерки за заштита на јавното здравје, намалено внимание на граѓаните, поголема раздвиженост поради летните одмори и со поинтензивно користење на клима-уредите.













