Od 27- ми јуни до 3- јули во Прилеп во Центарот за култура „Марко Цепенков“, се одржуваше традиционалната ликовна колонија „Дрен 2022“. Ова беше 14 -то издание во чии рамки твореа 22 сликари и скулптори од земјава и од странство кои дружејќи се и творејќи, создадоа 30 слики и 7 скулптури.
Своите инспирации на платно и во скулптура ги преточија Мирослав Живковиќ од Србија, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Богданка Барутовска – Бони, Филип Јовески, Бојана А. Трпчевска, Ибрахим Беди, Александар Јанев, Дамјан Ѓуров, Слободан Милошески, Филип Перески, Марјан Стојаноски и Мирјана Крстева Масети и Павлина Илијеска. Почесен гостин на колонијата беше доајенот на македонската скулптура професорот Васил Василев.

Делата создадени на годинешнава колонија ќе бидат претставени на заедничка изложба наесен. Досега, во изминатите 13 години, на Колонијата се создадени околу 370 дела кои се во трајно наследство на прилепскиот Центар за култура и на државата.
Ликовната колонија „Дрен 2022“ се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.












