Од месец во месец, се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејство. Државниот завод за статистика пресмета дека инфлацијата во јуни е 14,5%. Според Сојузот на синдикати на Македонија синдикаланата минималана кошница за шест месеци пораснала за 3400 денари.
Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 39.710,00 ден. и од јануари 2022г ( 35. 811.00 ден) е зголемена за 3.399,00 денари односно 9,49 %.
За само една година или од претходната 2021 година истиот месец јуни кога синдикалната минимална кошница изнесувала 34.212,00 денари истата е зголемена за 5.498,00 денари односно 16%.
Ги прашавме денеска битолчани како го поминуваат месецот. Велат дека две минимални плати не се доволни за да се помини месецот. Најмногу средства од буџетот им оделе за храна и за сметки.












