Дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, во Офицерскиот дом беше и концертот насловен „Летно ноктурно со виолончело и клавир“, на кој настапија Сара Једличкова и Камил Ел Ахмади од Чешка. Тие изведоа композиции од Бах, Скарлати, Брамс, Мартину, Јанашек.
Сара Једличкова е родена 1996 година во Брно. Почнала да свири виолончело како дете во класата на Магдалена Духањова. За време на студиите во гимназијата Tř. kpt. Jaroshe решила да студира и виолончело на Конзерваториумот во Брно. Таа дипломирала во 2020 година и продолжува на магистерски студии под менторство на проф. Силва Стејскалова. Во текот на учебната 2020/2021 година реализирала пракса во странство на Сибелиус академија во Хелсинки на одделот за музичка технологија. Таму остварила часови по виолончело во класата на Раимо Сариола и часови по електроакустична композиција со Алехандро де Монте Ока и Алехандро Оларте. Од 2016 до 2019 година, таа беше активен член на Барокниот оркестар во Прага. Има настапувано неколку пати на концерти за Бохуслав Мартину Фондација и има одржано неколку самостојни рецитали во Чешка, Словачка, Македонија, Канада и Финска.

Како музички директор соработува со повеќе солисти како Ема Гогова, Герт Хехер, Евгенија Воробиева, Наталија Швамова, ансамбли – Кукал квартет, Корвус Квартет и оркестри како што е барокниот оркестар на Прашкиот конзерваториум, Чешкиот национален симфониски оркестар и многу други.
Камил Ел-Ахмади е роден 1994 година. Почнал да свири пијано на возраст од 4 год. во Основното уметничко училиште во Требич под водство на Рената Кучарска. Ги завршил студиите во ова училиште со дипломски концерт: Концертот за пијано од С. Рахманинов бр. 1 во придружба на Симфонискиот оркестар на Конзерваториумот Брно. Од 2016 г. ги продолжува студиите на Јаначковата академија за музичка уметност во Брно, каде што дипломира во класата на проф. Хелена Вајзер. Во 2011 година ја добил првата награда на меѓународниот натпревар по пијано Бохуслав Мартину во Поличка. Во 2013 година доби титула лауреат на Меѓународниот натпревар по пијано „Munchen Klavierpodium der Jugend“ во Минхен, Германија. Во мај 2019 година сними деби албум со дела компонирани од Бетовен, Шопен и Јаначек. Активен е и како камерен пијанист, како член во различни камерни состави. Во 2021 г. доби прва награда на VII. Меѓународен музички натпревар Один и прва награда на Меѓународен натпревар по пијано „Исполнители XXI века: Инициативы. Достиженија во Москва.












