На програмата на битолското културно лето, продолжуваат деновите на SEE film festival, со проекција на документарниот филм „Сонливи птици“ во режија на Џамил Хенди.
Јон, поет аматер, сака да биде сериозен, да објавува на интернет. Но, интернетот е малку комплициран. Дали ќе успее?
Следува филмот „Соседи“ на Јуш Храстник (Словенија). Овој филм ја доби Наградата за најдобар краток филм на Американското жири 2022. Улогите ги толкуваат : Павле Равнохриб, Бернарда Оман.
Кратка содржина: Двајцата, Мира и Андреј живеат сами. И покрај тоа што се осамени, немаат никаков контакт еден со друг бидејќи не се согласуваат. Еден ден Мира се разболува и Андреј сфаќа дека можеби ќе остане сам. После овој филм следува„Работите што не зближуваат“ (Македонија) – документарен филм.
Кратка содржина:„Работите што нè зближуваат“ е серија на кратки видео приказни за интересите и проблемите на младите од Западен Балкан.












