Цела ноќ траеше битката со шумскиот пожар на грчкиот остров Самос и утрово гаснењето продолжи и од воздух, а според локалните медиуми ситуацијата денеска е значително подобрена, јави дописничката на МИА од Атина.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 78 пожарникари со шест пешадиски тима,15 возила и два хеликоптери, а меѓу пожарникарите се и 28 од Атина, кои синоќа авионски пристигнаа на островот
Хеликоптер со четиричлен екипаж, кој учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, се урна во море, а спасено е едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека станува збор за хеликоптер од типот ER-MHY (Mi-8 MTV-1) кои тие го изнајмиле да помага во пожарот, а од членовите на екипажот тројца се странски државјани и еден Грк.












