По подолга музичка пауза Ламбе Алабаковски на јавноста и ја претстави својата нова песна. Станува збор за темата со наслов „На чекор од брегот“. Музиката за песната е дело на Александар Тарабунов, а текстот го напиша Зоран Стојановски Зонде. На аранжманот Тарабунов работеше заедно со Димитар Андоновски.
Ламбе минатата година, по неколку години живот во САД, заедно со семејството се врати на домашен терен со намера да продолжи онаму каде што застана. Периодов му е исполнет со многубројни настапи, а еден од нив и годинешниот Пивофест во Прилеп.


















