ТЕРА

REKLAMA???

ПРИКАЖАНА ДИГИТАЛНАТА ВЕРЗИЈА НА „БУНТОТ НА КУКЛИТЕ“

Во летното кино Мирно лето, Кинотеката ја претстави дигиталната верзија на краткометражниот игран филм Бунтот на куклите на Димитрие Османли од 1957 година.

Воедно, Кинотеката има посебен повод за тоа затоа што проекцијата на овој филм беше прва на новиот дисипи проектор .Со оваа врвна професионална техника, Кинотеката, искуството на гледање филмови во летното кино го приближува до она во затворен простор. Филмот неодамна беше претставен на Фестивалот на новореставрирани филмови , најреномираниот фестивал од овој тип фестивали во светот кој се одржува во Болоња. Филмот беше прикажан на самото отворање што беше големо признание за македонската кинематографија.

На овој фестивал, како гости секоја година присуствуваат исклучително реномирани имиња од светот на филмот. Покрај тоа, Кинотеката на Болоња, организаторот на фестивалот, прочуена по својата лабораторија во која се реставрирани многу ремек-дела на светската кинематографија, има одлична соработка со останатите филмски архиви и кинотеки, па така, секоја година има можност да понуди репрезентативна програма во која можат да се проследат стотици класици од сите меридијани на планетава и од сите епохи на филмската уметност.

Филмот е по сценарио на Љубе Петковски, кој воедно е и директор на фотографија. „Бунт на куклите“ е филм во кој главната улога ја толкува тогаш деветгодишниот доајен на македонското глумиште – Емил Рубен. Во реализацијата на филмот учествувале и Василие Поповиќ – Цицо како сценограф, Скопската филхармонија, што ја изведува музиката на композиторот Ладислав Палфи и членови на Балетот при Скопскиот народен театар во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

Во 2020 г., Кинотеката на Република Македонија, филмот „Бунт на куклите“, заедно со уште триесет други репрезентативни кусометражни играни остварувања од сите етапи на македонската кинематографија, дигитално ги реставрираше во Белград и во Кинотеката, а истата година беше објавено и двојазично DVD-издание со реставрираните филмови, на македонски и англиски јазик, под наслов „Македонски кратки играни филмови.