ТЕРА

REKLAMA???

КОНЦЕРТ НА БАРОКНА МУЗИКА СО „АКАДЕМИА БИЗАНТИНА“

Во Офицерскиот дом во Битола, се одржа концерт на барокна музика во изведба на познатиот италијански ансамбл „Академиа Бизантина“. Концертот со наслов „Уметноста на лудоста од Венеција до Лондон“ понуди врвно музичко доживување за сите присутни.

 На истиот амбасадорот на Италија во Скопје Андреа Силвестри, зборуваше за значењето на оваа соработка на Италија со Македонија, односно италијанската Амбасада и Битола и Офицерскиот дом.

„Гостувањето на ансамбли од ваков формат се комплимент за битолската културна јавност и секако за нашата установа“ , истакнаа од културно информативниот центар.

Концертот беше во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот Институт за култура во Белград, во соработка со Канцеларијата на Конзуларниот кореспондент на Амбасадата на Италија во Битола и Општина Битола.