ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОЦИЈА НА ТРУД И ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ТАЛЕ ОГНЕНОВСКИ

Како дел од програмата на БИТ ФЕСТ, денес продолжува претпрограмата на 52 издание на Фестивалот „Илинденски денови“. Оваа година се навршуваат 100 години од раѓањето на уште една многу важна личност во македонската музика. Тоа е Тале Огненовски, човекот кој ги поставил темелите на македонската традиционална музика изведена на кларинет. Во негова чест ќе биде промовиран научниот труд, чиј автор е реномираниот музичар и професор Благојче Трајковски, како и промоцијата на краткиот документарен филм, посветени на ликот и делото на легендарниот кларинетист. 

„ Многу ми е драго што оваа година во рамките на фестивалот „Илинденски денови“ ќе се организира пригоден настан, каде ќе оддадеме почит на неговото бесценето дело и ќе го одбележиме овој јубилеј“, изјави Трајковски.

Настанот ќе се одржи денес во малата сала на Центарот за култура со почеток од 20 часот.