ТЕРА

REKLAMA???

МИНАТАТА НЕДЕЛА БРОЈОТ НА КОВИД СЛУЧАИ ПОРАСНАЛ ЗА 62,9%

Тестирани се вкупно 7.858 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно
тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,4% во
однос на минатата недела (n=6.318).
Регистрирани сe 2.819 нови позитивни случаи од 32 града во државата, со зголемување од
62,9% во однос на минатата недела (n=1.730). Процентот на позитивност се движи од 32,0% до
37,5%, просечно 35,6%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.472; 52,2%). Највисока инциденца е
регистрирана во Кавадарци (303,6/100.000), а висока инциденца се регистрира и во Скопје
(242,5/100.000), Битола (220,2/100.000), Велес (192,8/100.000), Кратово (185,6/100.000) и
Охрид (181,3/100.000) (Табела 2, Картограм 1).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на
лица на возраст над 60 години (n=962; 34,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група
од 0-9 години (n=92; 3,3%).
Во однос на претходната недела, се регистрира зголемување кај сите возрасни групи (со
најзабележително зголемување од 72,4% кај возрасната група од 60+ години) (Табела 1).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.763 лица во хоспитални
услови или на домашно лекување, 80,6% повеќе во споредба со минатата недела (n=976).
Во текот на минатата недела пријавени се 668 реинфекции, со зголемување од 51,8% во однос
на претходната недела (n=440).
Не се пријавени смртни случаи со датум на смрт во текот на изминатата недела (11-
17.07.2022).
Во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ во периодот од 11-17.07.2022 година е изведено
секвенционирање за детекција на варијанти на SARS CoV-2. Изработени се вкупно 48
примероци од пунктови позитивни на SARS CoV-2 од Скопје, Велес, Кавадарци, Гевгелија,
Свети Николе, Охрид, Неготино, Кочани, Штип, Струмица, Струга и Тетово.
Кај 39 примероци (81,2%) е детектирана BA.5 сублинијата на Омикрон сојот, кај 6 примероци
(12,5%) е детектирана BA.2 сублинијата, додека пак кај 3 примерока (6,3%) – BA.1 сублинијата
на Омикрон. Новодетектираната BA.5 сублинија е забележана кај примероци од различни
градови: Скопје, Струмица, Охрид, Штип, Неготино, Велес, Кавадарци, Тетово, Кочани и
Гевгелија.

Заклучно со 17.07.2022, пријавени се вкупно 319.037 случаи на COVID-19 (I=17.370,0/100.000).
Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово и Битола, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци
(27.683,5/100.000) и Скопје (24.874,8/100.000). Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Највисок
леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка (Табела 2).

Регистрирано е зголемување на инциденцата во последните две недели во 24 градови, со
најголемо зголемување во Кратово, Берово и Гевгелија. Намалување се забележува во еден
град, Крушево, додека состојбата останува непроменета во 10 градови. R0 се движи од 0,62 во
Пробиштип до 2,21 во Берово. (Табела 2).
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 153.507 (48,1%) машки и 165.530 (51,9%)
женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 16.848,8/100.000, а кај женските
17.883,0/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 44,0 години). Најголем број на
заболени се на возраст над 60 години – 78.092 (24,5%), додека највисок специфичен
морбидитет од 24.462,0/100.000 се регистрира кај возрасната група од 30-39 години
(n=61.273). Најнизок специфичен морбидитет од 3.876,3 на 100.000 жители се регистрира кај
деца на возраст од 0-9, каде се пријавени 7.979 лица.

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број
на пријавени случаи на дневно ниво (n=2.344) е регистриран на 24.01.2022.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година
континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно
ниво (n=11.885) е регистриран во текот на четвртата недела во 2022. По континуираниот пад
на регистрирани случаи од 5-та до 10-та недела од 2022 година, до 23-тата недела се
регистрира плато. Од 24-та недела повторно се регистрира зголемување на бројот на
заболени случаи (Графикон 2).

Според извештаите од болниците (КИБФС, КБ Битола, КБ Штип, ОБ Струмица, ОБ Струга, КБ
Систина), моментално се хоспитализирани 50 лица (22 повеќе во споредба со претходната
недела), од нив 13 се на кислородна поддршка (11 повеќе во споредба со претходната
недела), а нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Пријавени се 1.541 случаи кај бремени жени (1,7% од пријавените во фертилен период) и
10.310 (3,4%) случаи кај здравствени работници.
Во однос на импортирани случаи, регистрирани се 10.119 случаи (3,3% од заболените за кои
има податок) кои патувале во период од 14 дена пред појавување на симптоми. Регистрирани
се 72.090 потврдени случаи (23,6% од заболените за кои има податок) кои имале контакт со
позитивен случај најмногу 3 дена пред почетокот на симптоми/ позитивен резултат.
Заклучно со 17.07.2022, регистрирани се вкупно 14.789 (4,6%) реинфекции.
Регистрирани се 9.339 смртни случаи (Лт=2,9%). Во однос на недела на пријавување најголем
број се регистрирани се во тек на 14-тата недела во 2021 (n=313) (Графикон 3). Најголем дел се
на возраст над 60 години (n=7.780; 83,3%) со највисок специфичен морталитет –
1.767,7/100.000 жители. Регистрирани се 5.535 (59,3%) смртни случаи кај лица од машки и
3.804 (40,7%) кај лица од женски пол. Кај 7.357 (83,3%) се регистрирани коморбидитети,
најчесто кардиоваскуларни (n=6.118), дијабет (n=2.484) и белодробни (n=1.127).
Од реинфекциите, 24 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 9 смртни случаи кај бремени
жени и 37 смртни случаи кај здравствени работници. Од смртните случаи, 788 (8,4%) починале
во вонболнички, а 8.551 (91,6%) во хоспитални услови.

Од 15.02.2020-17.07.2022 тестирани се вкупно 2.098.561 материјали, во лабораториите во кои
се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во
лабораториите/здравствените установи во кои се спроведува брз антигенски тест. Со ова, во Р.
С. Македонија се направени 1.014.203 тестови на 1.000.000 жители.
Од вкупниот број на тестирани материјали, 1.408.020 или 67,1% се со молекуларно (PCR)
тестирање, додека останатите 690.541 или 32,9% се со брз антигенски тест.
Според исходот од заболувањето, 2.718 лица (0,9%) се активни случаи, а 306.980 случаи
(96,2%) се водат како оздравени, кои биле или хоспитализирани или на домашно лекување.
Од случаите кои се водат како оздравени, а ИЈЗ располага со податок (n=72.652), 8.123 или
11,2% биле хоспитализирани.