ТЕРА

REKLAMA???

КОНЦЕРТОТ „ТАБУЛА РАСА“ НА ПРОФУНДИС ГИ ВООДУШЕВИ БИТОЛЧАНИ

Во Офицерскиот дом во Битола, како дел од програмата на битолското културно лето, се одржа концертот насловен “Табула раса“ во изведба на Камерниот оркестар „Профундис“ со вилоинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Камерниот оркестар „Профундис“ постои веќе три години, а негови главни цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Целовечерниот концерт на БИТ ФЕСТ, беше изведен во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт.

 Во оркестарот членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.

Забележителен е  настапот во рамките на фестивалите „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонската музика“, како и соработката со нашите реномирани солисти Љубиша Кировски, Марија Ѓошевска, Благој Нацоски, Славица Мицовска, Наде Талевска, Марија Јанчулевска, Стојанче Косовски, како и со концертмајсторите на Македонската филхармонија Ана Кондратенко и Владимир Костов. Исклучителна чест и можност претставуваше соработката со еден од најистакнатите српски виолинисти,Јован Богосављевиќ со кого се реализираа концерти во Националната филхармонија и во Р.Србија . Исклучителен проект, кој претставува гордост на „Профундис“, е токму реализацијата на целовечерениот концерт во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт, поддржан од естонската амбасада. Исто така, камерниот оркестар „Профундис“ е првиот оркестар од Македонија што настапува во Италија и остварува минитурнеја со настапи во Соренто и во Перуџа и соработки со истакнатиот италијански пијанист Маурицио Мастрини, гитаристот Даниеле Ајело и диригентот Паоло Шибиља. На програмата беа делата : Камерна симфонија оп.110/а   во c-moll на Д.Шостакович, ,, Табула раса ‘’  за две виолини и препариран клавир на Арво Перт.