ТЕРА

REKLAMA???

РЕАКЦИИ ЗА РАКЕТИРАЊЕТО НА ПРИСТАНИШНИОТ ГРАД ОДЕСА

Украина соопшти дека руски проектили ја погодиле инфраструктурата во украинското пристаниште Одеса, ден по потпишувањето на договорот помеѓу Киев и Москва за деблокада на извозот на жито.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека „Русија ќе сноси целосна одговорност за продлабочување на глобалната криза со храна“ доколку договорот пропадне.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и повеќето западни земји го осудија ракетниот напад врз пристаништето Одеса.

Турција соопшти дека е загрижена поради руските напади врз украинското пристаниште Одеса, еден ден откако Киев и Москва потпишаа договор во Истанбул за обновување на украинскиот извоз на жито, додека Русија негира каква било вмешаност.

Американската амбасадорка во Киев, Бриџит Бринк, изјави дека Кремљ „продолжува да ја користи храната како оружје и дека Русија мора да одговара за тоа“, додека шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок кажа дека тоа е „кукавички напад“ и дека „ова покажува дека потписот на Русија малку вреди“.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, слично како и Баербок, рече дека нападот покажува дека Русија „не го почитува целосно меѓународното право и обврски“.