Уште едно летно концертно доживување се одржа во Палатата на културата Офицерскиот дом Битола.Пред присутните настапија Горан Србиновски на пијано и тенорот Драган Најдоски. Програмата беше составена од делата на Ж.Бизе, Ф.Шуберт, Р. Штраус, Џ. Верди итн.
Горан работи како професор по пијано во Државното музичко училиште во Битола. Во текот на студирањето на музичката академија во Штип учествувал на повеќе мастеркласови и семинари, а љубовта кон музиката е уште од основното училиште.

Драган е роден во Прилеп. Завршил средно музичко училиште во Битола. Учествувавл на повеќе мастеркласови на светски познати артисти во светот на операта. Настапувал во Операта во Букурешт, филхармонија George Enescu и др. Соработувал со повеќе хорови, а моментално е член на хорот кој е културен амбасадор на Романија Corul Național de Cameră Madrigal-Marin Constantin.
Ова им беше прв заеднички концерт, а идејата за ваков проект ја имале подолг период.
По завршетокот на програмата, публиката беше изненадена со уште една композиција од македонскиот композитор Љ.Бранѓолица .












