ТЕРА

REKLAMA???

СО ФОЛКЛОРНОТО ДЕФИЛЕ ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ ИЛИНДЕНСКИТЕ ДЕНОВИ

Денес во 18:30 часот од Плоштадот Магнолија во Битола тргнува дефилето на 52-то издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „ Илинденски денови“

Во фолклорното дефиле ќе бидат и гостите кои годинава доаѓаат од Шпанија, Мексико, Колумбија, САД, Полска, Италија, Србија и десетици домашни ансамбли кои ќе го донесат националниот фолклор низ улиците на Битола, под светлата на фестивалските сцени кои годинава ќе ги има и на стари и познати, но и на некои сосем нови локации.

За фестивалот во неговата официјална програма и за офф програмата во Актуел на Тера, гостуваше директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски.