Денеска Државниот завод за статистика го објави четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.
Според податоците:
Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632,а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.1.
Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства,468336 лица или 5% живеат во четиричлени домаќинства.
Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
Бројот на семејства изнесува 538 348.
Според семејниот состав: 233570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаатбрачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства или 31. 1% се брачни парови без деца, 9 379 семејства или 1.7% се сам татко со најмалку едно дете под 25 години, а 26 619 семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години.
Според начинот на снабдувањена домаќинствата со вода за пиење, 4 % користат вода од јавен водовод,додека 2.14% домаќинства користат флаширана вода за пиење.
Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
Од вкупно 839174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија, 34 277 или 4.1% се без водоводна инсталација, а 60 807 или 7.3% немаат систем за канализација.
Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%,а само 13 142 или 2.5% иматпристап за лица со посебни потреби, покажуваат податоците кои ги објави државниот завод за статистика.












