ТЕРА

REKLAMA???

КОНЦЕРТ НА ДАВОР НЕЌАК НАСКОРО ВО БИТОЛА

Младиот и талентиран баритон од Битола, Давор Неќак, битолската публика ќе има можност да го чуе во живо и тоа на концертот кој заедно со пијанистката Горјана Стојановска, ќе го изведе во рамките на Бит фест. Неодамна  тој ја доби специјалната награда на Љубљанската опера на натпреварот за млади оперни таленти ,,Зинка Миланов’’ во Риека, Хрватска.

Давор своето образование после Битола го продолжи во Хрватска, а од неодамна започна да работи во оперскиот ансамбл при Хрватскиот народен театар во Риека. Имено овој театар Давор го посетил уште во 2006 та година, која посета и убавите моменти таму, влијаеле токму своето образоавние да го продолжи во Хрватска. Изминатите години Давор полека но сигурно ја гради својата кариера, ги поставува една после друга скалите кои водат кон успехот, скали кои му носат признанија и водечки улоги во едни од најзначајните дела од класичната музика и го ставаат на листата на еден од најбараните млади баритони во Хрватска. Па така тука се улогите во Ромео и Јулија, Животинска фарма на Игор Куљериќ, Кармен, концертите со Загребачката Филхармонија и многу други. Давор беше номиниран за хрватската театарска награда за извонредни достигнувања на млади уметници до 30 години за улогата на Пандолф.

Дел беше од годинешното издание на фестивалот Опера селеста, фестивал кој се одржува во Трогир. Тоа е фестивал со големи оперски имиња како гости во претходните години, а оваа година гостуваше една од најбараните сопранистски во светот Олга Перетјатко. За концертот на Бит фест кој ќе биде на 4.август, во Палатата на уметноста, Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 20 часот, Давор изјави:„ Да, конечно во Битола после пет години од кога заминав во Загреб на студии. Се радувам што конечно имам прилика да настапам во родниот град“.

Ќе бидат изведени делата на П.И.Чајковски, Џ.Верди, М.Равел, С. Рахмањинов и други.

Минатата година го привлече вниманието на јавноста со учеството во музичката опера по делото на Орвел, Животинска фарма. Во продукцијата и изведбата на истото учествуваа 230 студенти од Музичката академија во Загреб,  Факултетот за драмски уметности, Академијата за ликовни уметности и Текстилно-технолошкиот факултет. Оперската басна на Куљериќ е комплексен проект под диригентска палка на Младен Тарбук, а во режија на Крешимир Доленчиќ.

За изведбата на ова дело, Музичката Академија ја доби наградата „Ватрослав Лисински“, која ја доделува Хрватското друштво на композиторите за допринос кон хрватското музичко творештво.