Мирко Радовиќ е новиот капитен на Еурофарм Пелистер по заминувањето на Јосип Периќ во Татабања.
Радовиќ вели дека е голема чест да биде предводник на битолскиот тим и се надева дека ќе ја оправда големата доверба.
„Голема чест ми е што сум избран за капитен на Еурофарм Пелистер. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на соиграчите, навивачите и управата. Што се однесува до екипата, нова е и полека ги склопуваме „коцките“. Кратко сме заедно и се обидува што можеме да постигнеме. Напорно тренираме и даваме максимум засега.
Секој тим е посебна приказна. Оваа година е уште „млада“, момците само што стигнаа, исто така и тренерот. Се обидуваме што е можно побрзо да се прилагодиме. Немаме премногу време за тоа. Се трудиме секој ден фокусот да е на максимум и да даваме сè од себе. Со тоа што побрзо да го прифатиме системот на тренерот и новите играчи да се имплементираат во него. Како домаќини ние ќе дадеме сè од себе да им помогнеме“, вели Црногорецот.
Со Еурофарм Пелистер, Радовиќ освои Суперкуп на Македонија и двапати играше во финалето на Купот.












