ТЕРА

REKLAMA???

И РУСИЈА И УКРАИНА БАРААТ ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ЗАТВОРОТ

Русија повика експерти од Обединетите нации и Црвениот крст да ја истражат смртта на десетици украински воени затвореници во затворот во Оленивка, населено место на територијата под контрола на Донецката народна република (ДНР).

Министерството во соопштението наведува дека се постапува „во интерес на спроведување објективна истрага“ за нападот на затворот на почетокот на оваа недела.

Властите на ДНР рекоа дека се убиени 53 затвореници и го обвинија Киев за гранатирање на затворот.

Вооружените сили на Украина ја отфрлија одговорноста, велејќи дека руската артилерија го гаѓала затворот за да го прикрие злоставувањето на затворениците.

И Украина побара на Обединетите Нации и Црвениот крст да им биде дозволено да ја истражат смртта на над 50 украински заробеници.