ТЕРА

REKLAMA???

УШТЕ ЧЕТИРИ БРОДА СО ЖИТО ГИ НАПУШТААТ УКРАИНСКИТЕ ПРИСТАНИШТА

Четири бродови со украинско жито и храна ги напуштија украинските пристаништа на Црното море како дел од договорот за деблокирање на извозот на жито од таа земја по морски пат, објавија украинските и турските власти.

Четирите бродови биле натоварени со речиси 170.000 тони пченка и други прехранбени производи, соопшти украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков.

Три брода натоварени со до 80.000 тони пченка испловија од Украина на 5 август.

Првиот брод што ја напушти Украина според договорот постигнат минатиот месец со посредство на Турција и Обединетите нации замина на 1 август.