ТЕРА

REKLAMA???

РАСТЕ ОПАСНОСТ ОД НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ЗАПОРОЖЈЕ

Опасноста од нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, за чие гранатирање меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва повеќе од една недела, „се зголемува секој ден“, изјави градоначалникот на Енерходар, Дмитро Орлов.

„Нуклеарната централа е гранатирана секој ден и ноќ од окупираните села“ – додаде тој и рече дека „ситуацијата е сериозна и најзагрижувачко е што нема процес на деескалација“, вели тој.

Енерходар, како и нуклеарната централа Запорожје, беа заземени од руските сили на почетокот на март.

Четириесет и две земји од целиот свет потпишаа изјава во која ја повикуваат Русија да ги повлече своите вооружени сили од украинската нуклеарна централа Запорожје, велејќи дека нивното присуство претставува „голема опасност“.

Во соопштението, објавено на веб-страницата на Европската унија на 14 август, се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина и се вели дека присуството на руските воени сили во централата – најголемата европска нуклеарка – ги спречува властите да ги исполнат обврските за нуклеарна и радијациска безбедност.

„Неоспорно е дека руската инвазија и нејзиното континуирано присуство во нуклеарните постројки на Украина значително го зголемуваат ризикот од нуклеарни инциденти и несреќи“, се вели во соопштението.