Шумскиот пожар уништи околу 24.000 хектари вегетација во природен парк во планинска област во централна Португалија.

Вчера биле мобилизирани 1.200 пожарникари, со поддршка од 400 возила и се очекува да се приклучат и авиони за до петок да се стави пожарот под контрола, кога се очекува температурата повторно да се зголеми“ изјавија од Цивилната заштита Андре Фернандес.
Вкупно 24 лица се повредени во пожарот во природниот резерват Сера да Естрела.
Од понеделникот евакуирани се 45 лица.

Изгореле околу 24.000 хектари вегетација, од кои 8.000 до понеделникот, според Европскиот информативен систем за шумски пожари.
Пожарот избувна на 6 август во околината на Ковиље. Оттогаш беше локализиран, но повторно се разгоре во понеделникот. Истрагата за причините за пожарот е во тек.
Од 2020 година, паркот Сера да Естреља е на списокот на Организацијата за образование, култура и наука на ОН (УНЕСКО).












