ТЕРА

REKLAMA???

ПОРАДИ ШТРАЈК НА ПИЛОТИТЕ ОТКАЖАНИ 800 ЛЕТОВИ

Германската Луфтханза соопшти дека ќе мора да откаже 800 летови денеска, што веројатно ќе влијае врз 130.000 патници, откако синдикатот на пилотите најави еднодневен штрајк.

Синдикатот вчера соопшти дека преговорите за платите пропаднале и дека пилотите на Луфтханза ќе одржат 24-часовен штрајк, почнувајќи веднаш по полноќ во четврток, што ќе влијае и врз патничките и на карго услугите.

Луфтханза соопшти дека откажувањето на летовите ќе биде на аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Синдикатот бара зголемување на платите за 5,5% оваа година за своите повеќе од 5.000 пилоти и автоматски компензација за инфлација.