Исламската држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во близина на руската амбасада во Кабул, во кој загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и двајца вработени во амбасадата.
Милитант на Исламската држава „го активира својот самоубиствен елек на собир на кој присуствуваа руски вработени“ во близина на амбасадата во авганистанската престолнина, се вели во изјавата на групата на Телеграм.
Четворица Авганистанци кои чекаа конзуларни служби исто така беа убиени, а повеќе од 10 се ранети, изјави портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран, за радио Азади.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, инцидентот го нарече „терористички чин“ и „апсолутно неприфатлив.“












