Партијата ГЕРБ на бугарскиот екс-премиер Бојко Борисов тесно победи на вчерашните избори, четврти за помалку од две години во таа земја. Гласачите гледаат во Борисов ветување за стабилност и дипломатска зрелост.
Резултатите од 99 насто преброени гласачки ливчиња на 3 октомври покажаа дека ГЕРБ освоила 25,4 отсто од гласовите, додека центристичката партија „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков е втора, со 20,2 насто .
Трета политичка сила е националистичката „Преродба“ на Костадин Костадинов со 11,06 насто.
„Има таков народ“ на Слави Трифонов доби 3,83 насто поддршка и не го прескокнува потребниот праг за влез во 48-то Народно собрание на Бугарија.
Конечните официјални резултати со кои ќе се пресметаат и гласачките ливчиња од странство се очекуваат на 5 октомври.
Излезноста на гласачите е проценета на околу 30 насто.












