Јужнокорејската и американската војска спроведоа ракетни вежби при што истрелаа неколку ракети со краток дострел во морето како одговор на севернокорејското лансирање на балистичка ракета над Јапонија, соопшти началникот на Генералштабот на Јужна Кореја, пишува Ројтерс.
Јужнокорејската војска соопшти дека ракетата Хјунму-2 паднала набргу по лансирањето. Тоа, како што пишува Ројтерс, предизвикало пожар од запаленото ракетно гориво, но никој не бил повреден.
Набргу потоа војската на Јужна Кореја се извини што ги вознемирила жителите за неуспешното лансирање на ракетата за време на заедничката вежна со САД.
Нуклеарно-вооружената Северна Кореја ден претходно тестираше балистичка ракета со среден дострел.
Истреланата балистичка ракета над Јапонија патувала околу 4 500 километри пред да падне во Тихиот Океан, што е доволно растојание за ракетата да може да го погоди американскиот остров Гуам доколку биле лансирана по друга траекторија.












