Лидерите на земјите од Европската унија денеска ќе разговараат дали и како да ги ограничат цените на гасот, откако земјите-членки го зголемија притисокот врз Брисел за намалување на трошоците за енергија.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, повторно ја повика Европската Унија да воведе привремено ограничување на цената на увезениот гас, за да ги намали зголемените трошоци за енергија, откако Франција, Италија, Полска и 12 други земји го повикаа Брисел да предложи ограничување на цената на гасот ширум ЕУ како средство за ограничување на инфлацијата.
Други земји се против, вклучувајќи ја Германија, најголемиот купувач на гас во Европа, и Холандија, кои велат дека ограничувањето на цените може да ја загрози енергетската безбедност оваа зима.
„Воведувањето ограничување на гасот во целина е привремено решение, додека не развиеме нов индекс на цени на ЕУ што ќе обезбеди подобро функционирање на пазарот, а Комисијата веќе почна да работи на тоа“ изјави Фон дер Лејен.












