ТЕРА

REKLAMA???

13 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО УРИВАЊЕ НА АВИОН ВО ЗГРАДА ВО РУСКИОТ ГРАД ЈЕЈСК

Најмалку 13 лица загинаа кога воен авион удри во станбена зграда во рускиот град Јејск, на брегот на Азовско Море, во близина на Украина, соопштија руските власти. Меѓу загинатите има и три деца. Од запалената зграда се спасени 68 лица, а 19 се повредени, пишува МКД.мк.

Според извештајот на пилотот кој се катапултирал од авионот, авионот се урнал поради пожар во еден од моторите, кој започнал при полетувањето.

Рано утрово спасувачите го соопштија билансот на несреќата и соопштија дека потрагата по преживеани е прекината.