ТЕРА

REKLAMA???

НАДЗОР ВРЗ УНАПРЕДУВАЊЕТО НА КОНСОЛИДАЦИЈАТА НА ЗЕМЈИШТЕТО

ХС Стрежево како надзор учествуваше во унапредувањето на консолидацијата на земјиштето во Егри, соопштија од јавното претпријатие.

Денес во Клубот на пратеници се одржа свечено отворање и одбележување на резултатите на ЕУ проектите за консолидација на земјиште.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски имаше поздравно обраќање на денешниот настан.

Покрај министерот Николовски, се обратија и Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, Заменикот регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и Шеф на канцеларијата на ФАО во земјава, Набил Гаги, а на настанат присутни беа директорот на Стрежево, Методија Граматковски и техничкиот директор, Илија Кондински.

Основна цел е да се помогне на земјоделците да го решат проблемот со прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште, малата површина на земјоделските стопанства и недоволната земјоделска инфраструктура, што ќе придонесе за зголемена ефикасност, продуктивност и конкурентност на земјоделското производство, поголеми можности за модернизација и развој на земјоделските стопанства и подобри услови за живот во руралните средини.

Егри е проект за консолидација на земјоделско земјиште по принципот на распределба со промена на границите. Преку групирање на земјишните парцели во бројот на парцелите се намали за околу 3.5 пати.

Консолидацијата во Егри вклучува и инвестиции за подобрување на земјоделската инфраструктура: изградба на нови пристапни патишта, изградба на нови и обнова на постојни канали за одводнување и надградба на постојниот систем за наводнување.

Инвестицијата во земјоделската инфраструктура се финансира од Европската Унија преку проектот Маинланд.

Сите активности во насока на развојот и унапредувањето на земјоделството преку постигнување на одржливо, профитабилно, конкурентно, модерно и иновативно земјоделско производство секогаш ќе биде приоритет за Стрежево и ќе ја имаат нашата целосна поддршка, информираат од јавното претпријатие.