Компанијата Мета соопшти дека ќе отпушти повеќе од 11.000 свои вработени, или 13 отсто од својата работна сила, во едно од најголемите технолошки отпуштања оваа година.
Таа компанија, која меѓу другото е сопственик на Фејсбук, се бори со зголемените трошоци и слабиот пазар на рекламирање, пренесува Ројтерс.
Вакво големо отпуштање, прво во 18-годишната историја на Мета, следи по илјадници отпуштања во други големи технолошки компании, вклучувајќи ги Твитер и Мајкрософт во сопственост на Илон Маск.
Бумот на технолошките компании за време на пандемијата се претвори во крах оваа година, во која има највисоката инфлација во последните децении и брзо зголемување на каматните стапки.
Од компанијата „Мета“ соопштија дека на отпуштените работници ќе им исплатат 16 недели основна плата, со две дополнителни недели за секоја година стаж како дел од отпремнината и преостанатиот годишен одмор. Ќе им бидат исплатени и здравствените трошоци за шест месеци.












