ТЕРА

REKLAMA???

ВУЧИЌ НЕ ВЕРУВА ДЕКА ВО ПАРИЗ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО КУРТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не верува оти во Париз ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти, пишува Радио Слободна Европа.

Претходно, косовскиот премиер изјави дека на 10 ноември во Франција би можело да се одржи средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. И двајцата политичари учествуваат на Форумот за мир на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

Вучиќ во изјава за новинарите рече дека постои можност средбата да се одржи, но дека не верува дека тоа ќе се случи, без да ги прецизира причините зошто не би дошло до средба.

Вучиќ рече дека на претседателот на Франција му ја пренел „фрустрацијата на нашиот народ на Косово и Метохија бидејќи ветеното не е исполнето“.

„Нема причини зошто би бил оптимист што се однесува на Приштина. На Макрон му реков дека само бараме статусно неутрални таблички, како што и пишува во договорот“, вели Вучиќ.

Официјалните претставници на Косово и на Србија заминаа за Франција поради кризата во северно Косово, каде припадниците на српската заедница ги напуштија косовските институции по суспензијата на директорот на полицијата за северниот регион Ненад Ѓуриќ.