ТЕРА

REKLAMA???

ГЕРМАНИЈА ГО ОТВОРИ ПРВИОТ ТЕРМИНАЛ ЗА ТЕЧЕН ГАС

Германскиот канцелар Олаф Шолц го отвори првиот германски терминал за природен гас во северниот град Вилхелмсхавен, пишува Радио Слободна Европа.

„Неговата изградба, во рекорден период од помалку од десет месеци, покажува дека нашата земја е способна за нови почетоци и брзина“, рече Шолц, пренесе новинската агенција ДПА.

Тој беше придружуван од министерот за економија Роберт Хабек од Партијата на зелените, министерот за финансии Кристијан Линднер од Слободните демократи и премиерот на Долна Саксонија Стефан Веил од Социјалдемократите. Шолц е лидер на Социјалдемократската партија.

Пловечкиот терминал во близина на брегот на Северното Море во Долна Саксонија треба да помогне да се затвори јазот во германските испораки на гас, кој е предизвикан од недостигот на испораки од Русија.

Централниот дел на терминалот е специјалниот брод „Höegh Esperanza“ долг речиси 300 метри, кој во иднина ќе го претвора течниот природен гас, испорачан со танкери, во гасовита состојба и ќе го внесува во германската гасна мрежа.

Шолц го отвори терминалот од екскурзискиот брод Хелиголанд, кој вообичаено превезува туристи.