ТЕРА

REKLAMA???

РЕКОРДНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ЈАНУАРИ ВО ЕВРОПА

Температурите овој месец достигнаа највисоко ниво во историјата во голем број земји во Европа. Медиумите пишуваат за уривање на национални рекорди во десетици држави.

Во Варшава, Полска, на пример, во неделата беа измерени рекордни 18,9 Целзиусови степени, што е за четири повеќе од претходниот рекорд. Во Билбао, Шпанија, пак, имаше 25,1, што е за 10 степени над просекот за јануари. Рекордни температури се измерени и во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Данска и Белорусија. Исто така, и во Германија, Франција и Украина.

Високи температури за јануари има и во Швајцарија.