Републиканецот Кевин Мекарти од Калифорнија е избран за претседател на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес по жестоки расправи кои скоро доведоа до судир меѓу колегите републиканци, пишува Радио Слободна Европа.
Мекарти конечно беше избран на функцијата по 15 круга гласање, и покрај тоа што неговата партија има мнозинство во Домот. Против неговиот избор беа припадници на тврдото крило во Републиканската партија. За да биде избран, тој мораше да направи отстапки и да прифати само еден пратеник да може да побара гласање за доверба.
Мекарти беше избран со тенко мнозинство од 216 пратеници за и 212 против. Тој освои помалку од половина од гласовите, но беше избран затоа што шестмина републикански пратеници се воздржаа од гласање и не гласаа против него.
До изборот дојде по драматичната кампања со притисок, која во живо се одвиваше во Претставничкиот дом, додека бунтовникот од редовите на републиканците Мет Гаец беше поттикнуван да гласа за Мекарти.
Конгресменот Гаец од Флорида беше меѓу шестемина кои вчера попуштија.
Претходно, во вжештена сцена во салата, Гаец скоро се степа со претставникот Мајк Роџерс од Алабама, приврзаник на Мекарти. Колегите мораше да го смируваат Роџерс додека викаше и го боцкаше Мекарти со прст.
Претседателот го утврдува дневниот ред на Домот и ги надгледува законодавните работи. Ова место е второ во низата за местото претседател по потпретседателот на САД.












