„ Македонија е едно посебно место каде што сме одржале бројни убави концерти што секогаш со големо задоволство на тоа се присетувам и се надевам и во иднина на некоја убава посета во таа земја“, ни изјави во разговорот со нас клавијатуристот на Парни Ваљак, Берислав Блажевиќ.

За поврзаноста на Аки Рахимовски, но и групата си Македонија ни рече:
„Тоа е негова земја во која со драго срце се враќаше, и ние сите заедно со него некако емотивно ги доживувавме нашите настапи во Македонија“, а за македонските песни: „Тоа се прекрасни песни кои создаваат убава атмосфера. На секој настан се изведуваат и Битола мој роден крај, и другите македонски песни. Тој ритам е посебен и допринесува кон убавата атмосфера. Тоа се песни кои ќе останат засекогаш“.

Повеќе од разговорот со Блажевиќ во видеото во продолжение.













