ТЕРА

REKLAMA???

ДАНЕЦОТ ГИДСЕЛ Е МВП НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ

Матијас Гидсел е избран за МВП на турнирот, 23-годишниот ракометар на Фуксе Берлин е и најдобар стрелец на шампионатот со 60 голови. Иако не е многу логично, ИХФ ја продолжи практиката играчот кој е избран за МВП, да не е и дел од ол-стар тимот на првенството, па само еден Данец се најде во составот, тоа е Симон Питлик.

По двајца претставници имаат Шпанија и Франција. Анхел Фернандес е најдобро лево крило, а Алекс Душебаев е најдобар десен бек, иако во тимот е и Недим Ремили, кој по вокација е десен бек, но овде е избран на средната бековска позиција.

Вториот Французин во ол-стар тимот е пивотот Лидовиг Фабрегас, единствениот кој беше дел од ѕвездениот тим и на минатото Светско првенство. Никлас Екберг од Шведска е најдобро десно крило, а чуварот на мрежата на Германија, Андреас Волф е најдобар голман.

Втор Германец со поединечно признание е 22-годишниопт Јури Кнор, кој наместо да биде признат како најуспешен среден бек, доби награда за најдобар млад ракометар.