ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИТЕ СУПЕРЛИГАШИ ГИ ДОЗНАА ПРОТИВНИЦИТЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групна фаза во Купот на Македонија, во машка и женска конкуренција.

Екипите ќе бидат поделени во четири групи од по четири екипи и идентично како и во минатите сезони ќе се игра полуфинале и финале.

Група 1:
Вардар – Охрид; Јуниор КВ – Скопје

Група 2:
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2; Голден Арт – Пролет

Група 3:
Бутел – Алкалоид; Вардар Неготино – Прилеп

Група 4:
Струга – Тиквеш; Куманово – Еурофарм Пелистер

Натпреварите од Купот на Македонија е предвидено да се играат во средината на месец март. Бранител на трофејот е Вардар, кој минатата сезона во возбудливо финале во Кавадарци го совлада Еурофарм Пелистер.