ТЕРА

REKLAMA???

ПОГОДЕНА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО КРАМАТОРСК

Руска ракета уништи станбена зграда во источниот украински град Краматорск во средата вечерта, при што загинаа најмалку две лица, а седум беа повредени, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Павло Кириленко, објави Радио Слободна Европа.

„Спасувачите, полицијата и комуналните претпријатија се на местото на нападот за да поминат низ урнатините на уништената зграда. Веројатно се уште има луѓе под него“, рече тој.

Најмалку 44 лица загинаа во минатиот месец кога руски проектил погоди станбена зграда во источниот град Днипро.