ТЕРА

REKLAMA???

СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЌЕ РАСПРАВА ЗА КОСОВО

Парламентот на Србија денеска ќе одржи посебна седница на која ќе присуствува и претседателот Александар Вучиќ, кој е главен претставник на Србија во преговорите со Приштина.

На седницата е извештајот на српската влада за преговорите во периодот од 1 септември 2022 до 15 јануари 2023 година.

Меѓутоа, извесно е дека голем дел од дискусијата ќе се фокусира на француско-германскиот предлог за уредување на односите, кој е поддржан и од ЕУ и од САД.

За него Вучиќ претходно изјави дека со оглед што предлогот е прифатен од сите земји членки на ЕУ, сега тој де факто е рамка во која се движат преговорите.

Претседателот на парламентот Владимир Орлиќ во пресрет на денешната седница изјави дека Вучиќ ќе одговара на прашања на пратеници кои веројатно ќе дискутираат токму за овој предолг.