Каролина Гочева настапи на МАС„Music Awards Ceremony“ во „Шарк Арената“ во Белград. Водители на настанот беа хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ и српската актерка Јелена Гавриловиќ. Пред настапот Каролина се најде во улогата на презентер и, заедно со хрватскиот пејач Петар Грашо, ѝ ја додели наградата „Најдобра рап/хип-хоп песна на годината“ на српската раперка Сајси Ем-си, за песната „Ринге јаја“.

Во ревијалниот дел од настанот, Гочева ја изведе српската верзија на нејзиниот последен сингл „Од небо до дно“, со која успешно ѝ се врати на поп-музиката по десетгодишна пауза. Имено, таа го објави последниот поп-албум „Капка под небото“ во 2010 година. Во меѓувреме, таа ги издаде албумите „Македонско девојче 2“ и „Извор“, на кои се најдоа песни со етно примеси.

Како и секогаш, нашата Каролина уште еднаш докажа дека има совршен моден стил. За нејзините модни комбинации се погрижија Јована Филиповиќ и Јована Зука.
На манифестацијата беа доделени повеќе од 25 награди, а со признанието GOLDEN MAC наградена е Констракта.
MAC 2023 беше одбележан со повеќе од 30 изведби.













