КК Пелистер – КК Навико ФМП Академија 81-67
По особено важната победа, пред некоја вечер во Скопје, против Работнички, и иако одново ослабени со неиграњето на двоецот Стајиќ-Хаџифејзовиќ, „зелено-белите“ запишаа уште еден триумф со кој остануваат на втората позиција, и се многу блиску до лидерската екипа во првенството. Вечерва во Битола беше совладан скопскиот тим Навико ФМП Академијс со 81-67.
Кени Карпентер даде 16, Донтеј Карутерс 14, а Андреј Маслинко 12 поени за екипата од Битола.
Кај Навико Академија ФМП Смит-Меквејн уфрли 20, Бјелиќ 13, а Џонс уште 11.поени, но екипата од Кисела Вода ќе ја продолжи битката за опстанок во друштвото за најдобрите, останува на ефект од три победи и 11 порази.
Следниот викенд во 15. коло пелистерци гостуваат во Струмица.












