ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 7,8 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија рано утринава, при што загинаа повеќе од 600 луѓе, а стотици беа повредени при уривање на згради низ регионот.

Земјотресот се случил во 4:17 часот по локално време на длабочина од 17,9 километри, а уште еден земјотрес со јачина од 6,7 степени следел 15 минути подоцна. 

По ова следувале повеќе од дваесетина силни потреси со магнитуди над 4 и 5 степени.

Спасувачките екипи се на терен, а првите снимки покажуваат разурнати згради од кои спасувачите извлекуваат повредени луѓе.

Турција соопшти дека се погодени десет града, додека во Сирија имало многу мртви во регионите Алепо, Латакија, Хомс и Тартус.

Земјотресот, бил почувствуван дури до Каиро, како и во Либан, Кипар и Израел.

Сеизмолозите велат дека најсилниот земјотрес во Турција е регитриран во декември 1939 година, кој исто така имал јачина од 7,8 степени според Рихтерова скала, при што загинале 30.000 луѓе.