ТЕРА

REKLAMA???

НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,5 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА

Нов силен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди Турција. Земјотресот се случи во 13:24 часот по локално време.

По него имаше уште два земјотреси со јачина од 5,8 и 5, 5 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот од серијата земјотреси кои ги има денеска речиси постојано во реонот на Турција и Сирија, беше рано утрово со јачина од 7,8 степени.

Турскиот претседател рече дека само во Турција во земјотресот загинале 912 лица, а повредени се 5.383.

Најмалку 386 лица загинаа во Сирија, од кои 239 главно во регионите Алепо, Хама, Латакија и Тартус, објави сириската државна телевизија.