ТЕРА

REKLAMA???

„ДОЈДИ ДА МЕ БАКНИШ БЕЈБЕ“- НОВА ПЕСНА НА ПАРКЕТИ

Најновата песна на легендарните Паркети е со наслов „Дојди да ме бакниш бејбе“. За песната, снимено е црно бело видео.

„Спотот е сниман во малата каде игравме како деца. Таму има еден голем камен кој и во тоа време постоеше, не врати 30 години назад во детството“, ни изјави Симс Паркет околу идејата за снимањето на спотот таму. Текстот и музиката се на Симс Паркет, снимена е во студиото на Сашо Паркет, FUSHRECORDS .

По песната ”Џири, џири”, заедничкиот проект со легендарниот хрватски рокер и фронтмен на групата “Ѓаволи”, Нено Белан, ”Паркети” ни најавија уште една песна за хрватскиот пазар.

Тие се бренд не само на Битола туку и на македонската музичка сцена, кои постојат повеќе од 30 години.