ТЕРА

REKLAMA???

ПО КИЕВ, БАЈДЕН ДЕНЕСКА ВО ВАРШАВА

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ја започнува дводневната посета на Полска. Бајден пристигна синоќа во Варшава, по ненадејната посета на Украина.

Како што соопшти Белата куќа, Бајден во Варшава ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Вчера за време на ненајавената посета на Киев, Бајден рече дека херојството на Украинскиот народ е инспирација за целиот слободен свет.

„Таа мрачна ноќ, светот се подготвуваше за падот на Киев. Се стравуваше и за крајот на Украина. Една година подоцна, Киев се уште е тука. Украина исто така. Американците се со вас и светот е со вас, изјави Бајден.

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден добил безбедносни гаранции пред денешната ненајавена посета на Киев, но не прецизираше кој од руска страна ги дал тие гаранции.

Агенцијата Асошиете прес претходно објави, повикувајќи се на Белата куќа, дека Вашингтон бил во контакт со Москва непосредно пред посетата на Бајден на Украина, „со цел да се избегнат конфликтни ситуации“