ТЕРА

REKLAMA???

И БИТОЛА ДОБИВА „КУЌА НА ЕВРОПА“ ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

Денеска во посета на Битола евроамбасадорот Дејвид Гир. Пред Офицерскиот дом го пречекаа градоначалникот Тони Коњановски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Поводот за неговото доаѓање е отворање на „Куќа на Европа“, токму во Офицерскиот дом. Односно денеска евроамбасадорот и градоначалникот потпишаа Меморандумот за разбирање за отворање на „Куќа на Европа“.

„Ние секогаш би сакале кога зборуваме за „Europe Houses“ да зборуваме како за некој вид прозорец. Со прозорците, секогаш можете да видите во двата правци. Првиот правец на којшто може да гледаат младите, локалното население, е правецот на Европската унија, односно да гледаат на патот кој што ги води кон ЕУ. Второ, прозорец низ кој локалното население, не само во Вашата земја, туку и во земјите членки на Европската унија, може исто така, да го видат огромното богатство, огромното културно наследство, што сите Вие како земја, меѓутоа и како град Битола, што може да го понудите на Европската унија. Сега ќе го отвораме „Europe House“ во овој дел од оваа зграда, но го отвораме на начин што целосно го почитуваме културното наследство и минатото на оваа зграда која што навистина има уникатна личност. Сето тоа што ќе го направиме со отворањето на „Europe House“ на ова место, е да го пополниме со човечки глас, со млади луѓе, со идеи и дискусии.Ние навистина се надеваме дека сите тука, граѓаните на Битола, граѓаните од овој регион, па дури и подалеку, да го гледаат „Europe House“, како наша куќа, како наш дом“, изјави Евроамбасадорот Дејвид Гир.

Со денешното потпишување на меморандумот за разбирање, Битола продолжува европски да се развива и преку соодветно организиран простор, кој ќе биде наменет пред се за младите, за средби, дискусии, учење, информирање, рече градоначалникот на Битола.

„Тоа значи дека, продолжуваме со активности кои значат функционалност, одржливост и успешност на еден проект, реализиран со финансиска поддршка од Европските фондови, а тоа е реконструираниот објект на Офицерскиот дом.Дополнителна потврда за нашиот ангажман и тендеција за овој културно – историски споменик да блеска во сиот свој сјај се и податоците од работата на Културно информативниот центар, кој го организира работењето на Офицерскиот дом, а кои говорат за реализирани: 123 концерти, 25 тетарски претстави, 10 мултимедијални настани, 17 изложби и исто толку промоции на книги и поетски настани. Вкупно, тоа за изминатата година за Офицерски дом и Кино Манаки, значи реализирани над 400 настани со над 65.000 посетители. Горд сум, што овие бројки, целосно ги негираат, политичките тврдења, со кои од ова место, минатата година, бев непотребно обвинуван, токму на тема: Офицерски дом.Зимската приказна, Битолското културно лето, научните конференции, музичките концерти, ликовните изложби и многу други настани потврдуваат дека Офицерски дом денес живее, зошто најважно е кога објектот во кој се вложиле финансиски средства, успешно работи во интерес на своите граѓани.На овој начин, продолжуваме и понатаму, да ја развиваме културата во нашиот град, да бидеме поддршка за младите генерации, а Битола повторно да биде атрактивна културно – туристичка дестинација, која ќе го сочува и презентира своето културно историско богатство“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Министерката за култура потсети на историјатот, историската вредност и европската иднина на битолскиот Офицерски дом.

И денеска, драго ми е што гласот на моите сограѓани битолчани беше помоќен од ‘дуинг-бизнисот’. Овој раскошен објект, чии темели се поставени пред 114 години, беше осакатен и, во февруари 2016-та, беше ставен на продажба. Со гласноста на битолчани, аукцијата беше повлечена, а со поддршка од ЕУ и од претходниот советнички состав на Општина Битола и локалната самоуправа, на Офицерскиот дом му се вратени убавиот лик и достоинството. Минатата година, со одлука на Владата, го прогласивме за културно наследство од особено, големо значење, со што објектот ужива највисок режим на заштита, каков што и му прилега”, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Евроамбасадорот информира дека тие веќе имаат три активни и функционални Европски куќи во Скопје, Струмица и Крива Паланка, а до крајот на годинава очекуваат да има седум Европски куќи во целата држава.